Connect with us

Ракомет

Голема победа на Еурофарм Пелистер за преземање на лидерската позиција на табелата

Вардар и Еурофарм Пелистер ги одмерија силите во рамките на плејофот во домашното првенство. Победата на крајот ја однесе Еурофарм Пелистер со резултат 23:24.

Двете екипи одлично го започнаа натпреварот. Се играше гол за гол, мирно и се чекаше грешката на противникот. Првото полувреме ни донесе ракомет како што очекувавме, борбено на двете страни и со долги напади се бараше простор за гол.

Во 6. минута серија од 2 гола на Вардар за првото водсво на натпреварот од 3:2

Еурифарм Пелистер во 10. минута од натпреварот прави серија од два гола и доаѓа до водство од 4:5

Диало имаше одлична шанса да го врати Вардар во водство во 18. минута но ја погоди конструкцијата на голот и резултатот остана 6:6, додека на спротивната страна Табоада погоди и го врати Пелистер во водство од 6:7.

Во 23. минута од натпреват Вардар прави серија од 3 гола и доаѓа во највисоката предност од два гола на натпреварот (9:7).

До крајот на првото полувреме Еурофарм Пелистер ја стопи предноста на Вардар и дојде до водство од 11:12.

Ворото полувреме започна подобро за Еурофарм Пелистер. Битолчани во 35. минута од натпреварот да дојдат до највисоката предност од два гола, а резултатот на семафорот покажуваше 13:15.

Може да се каже дека второто полувреме припадна и на голманите на двете страни кои успеаа да запишат по неколку интервенции за кратко време.

Се играше борбено на двете страни. Битолчани играа за нијанса подобро и успеваа да го задржат водството.

Еурофарм Пелистер на средината на второто полувреме успеа да дојде до високи +3 (16:19).

На самиот крај на натпреварот, поточно во 55. минута од натпреварот Еурофарм Пелистер благодарение на одличната игра доаѓа на високи +4 (19:23).

Следуваа „пеколки“ пет минути за Еурофарм Пелистер. Прво Табоада доби две минути исклучување, а потоа разликата брзо ја „стопи Вардар“ и дојде на негатива од еден гол.

Сепак, на крајот Битолчани успеаа да ја задржат предноста која ја имаа во текот на цело второ полувреме и на крајот заслужено славеа минимална раљзлика (23:24).

Еурофарм Пелистер сега е лидер на табелата со 10 бода, а Вардар е на второто место со 8 бода.