Connect with us

Фудбал

Голема распродажба во Милан

Италијанскиот гигант Милан зад себе има уште една сезона за заборав, во која тимот на Џенаро Гатусо успеа само да се избори за место во ЛЕ.

Од Милан, веќе неколку сезони се очекува да се врати на старите патеки, но тоа навистина не им оди од рака. Милан оваа сезона не успеа да се избори за настап во Лигата на шампионите, и се чини дека секој ден клуб од Сан Сиро во своите редови има се повеќе проблеми.

Како што пишуваат италијанските медиуми, ова лето се  очекува голема распродажба во тимот, посебно за играчите кои се скапо платени минатата година. „Росонерите“ донесоа многу играчи во своите редови, но сепак не успеаја да постигнат добар резултат.

Наводно, трансфер листата на играчи кои ќе се најдат на трансфер пазарот е прилично долга, но навивачите се изненадени дека на листата се најдоа некои играчи кои ја оправда довербата како Рикардо Родригез. За Швајцарецот, се шпекулира дека тој ќе се врати во Бундеслигата, а по неговите стапки се уште може Андре Силва, Никола Калиниќ, Џанлуиџи Донарума, Сусо и Запата.