Connect with us

Фудбал

Големи критики во Англија: Од затвор Мамиќ му ја заврши кариерата на Мурињо

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо трпи огромни критики по елиминацијата на неговиот тим од Динамо Загреб, откако на реваншот загубија со 3:0. Првиот меч го доби Тотенхем со 2:0, на реваншот регуларниот дел заврши со истиот резултат, но во корист на Динамо, а потоа херојот Оршиќ во продолженијата го постигна својот трет гол на овој меч за елиминација на англискиот тим.

Сега, Мурињо е мета на критики во Англија, особено за навивачите на Тотенхем за кои повеќе тој не е „Специјалниот“.

Англискиот новинар, кој воедно е и фан на Тотенхем, на Твитер напиша дека Динамо Загреб изледал подобро и подобро играл од Тотенхем, иако како што вели е предводен од затвор, алудирајќи на пресудата за Зоран Мамиќ, тренер и брат на поранешниот претседател на клубот Здравко Мамиќ, која ја доби пред неколку дена.

Одредени медиуми пишуваат дека Мамиќ од затворска ќелија ја завршил кариерата на Мурињо.