Connect with us

Фудбал

Големи проблеми за Полска пред ЕУРО

Пред Европското првенство, проблеми за селекцијата на Полска.

Имено, Аркадиуш Милик беше изоставен од репрезентацијата поради повреда.

Полската федерација наведува дека се работи за повреда на левото колено, иако напаѓачот бил поканет во таборот на репрезентацијата.

На крајот беше проценето дека тој нема да може да им помогне на своите соиграчи и додека ќе го пропушти Европското првенство поради повреда, но сепак Милик би можел да направи одличен трансфер ова лето.

Мурињо сака да го засили нападот, а на врвот на неговата листа на желби, наводно е полскиот напаѓач Аркадиуш Милик.

Специјалниот, наводно, дало зелено светло на управата на клубот да го купи, а Марсеј, чии бои во моментов ги брани Милик, наводно ќе го ослободи за 12 милиони евра.

Милик пристигна во Марсеј од Наполи на почетокот на оваа година, а за овој клуб одигра 12 натпревари во Лига 1 и постигна пет погодоци.

Да потсетиме, Милик беше на чекор до преселба во Рома ова лето. Џеко веќе се согласи на трансфер во Јувентус, а за да го официјализира овој трансфер, беше потребно Милик да се согласи да дојде во Рома од Наполи. Сепак, тоа не се случи, па трансферот на Џеко во Јувентус пропадна.