Connect with us

Фудбал

Големи промени во Јувентус ќе следат ова лето

Јувентус, наводно, е подготвен за целосен ремонт на тимот, па затоа ќе ја дочекаат новата сезона во сосема друга форма.

Јуве веќе го продаде Миралем Пјаниќ, за кого го доби Артур Мело, но плати и 10 милиони евра. Пјаниќ е само еден во низата фудбалери на Старата дама кои треба да го напуштат клубот.

Tuttosport пишува дека Гонзало Игуаин, Федерико Бернардески, Даниеле Ругани, Сами Кедира, Матиа де Шиљо и Блез Матуиди исто така ќе го напуштат тимот. Тие треба да бидат на листата на трансфери или клубот треба да ги вклучи во потенцијални размени.

Целта на Јувентус е да пронајде играчи кои одговараат на визијата на тренерот Маурицио Сари, но и да го подмладат тимот. Проблем се високите плати на sвездите на Јуве, па затоа ќе биде потешко да се продаваат, но клубот ќе направи се за да се ослободи од нив.

Секако, сите овие заминувања ќе условат нови пристигнувања, а покрај Артур, во Јувентус се очекуваат уште неколку талентирани и млади фудбалери. Еден од основните потези би можел да биде трансферот на Федерико Кеси од Фиорентина.

Јуве се доближува до Скудетото, а треба да го играат остатокот од Лигата на шампионите, па доколку се направат добри резултати, се верува дека буџетот за трансфер ќе биде многу поголем и дека Сари ќе има можност да донесе играчи кои се по негов избор.