Connect with us

Кошарка

Големи промени во НБА, Дурант и Дејвис во главна улога

Оваа сезона во НБА лигата  ја одбележа сензационалниот премин на најдобриот кошаркар на денешницата – Леброн Џејмс, кој дресот на Кливленд го замени со оној на Лос Анџелес Лејкерс. Овој голем трансфер ги задрма сите „преку барата“, но што да се каже од она што се подготвува наредното лето.

Речиси сите медиуми ја пласираа информацијата за два големи трејда, а во главна улога се центарот на Њу Орлеанс – Ентони Дејвис и ѕвездата на Голден стејт – Кевин Дурант.

Се беше подигнато на едно повисоко ниво кога се огласи и легендарниот Кевин Гарнет.

  • Во првите 12 години од кариерата минав во Минесота и никогаш не се пласирав во големото финале. Откако заминав во Бостон, веднаш дојдов до титулата. Дејвис шест и пол години е во Њу Орлеанс, не велам дека губи време, но време е за промена, а јасно е каде треба да оди. Во Лејкерс! Тој и Леброн заедно. Тоа мора да се случи. Би можел да има шест, седум одлични сезони во дресот на Лејкерс. Покрај тоа, јас не нагаѓам. Тој го промени својот агент, сите знаеме дека до него е Рич Пол, кој е најдобар пријател со Џејмс. Јас ви велам дека на овој трансфер веќе започнаа да работат и наскоро ќе се случи откри Гарнет.

Веќе на големо започна да се зборува и за Кевин Дурант, кој сака да го напушти Голден стејт. Крилото на „воините“ пак се поврзува со тимот на Њујорк, а за тоа говореше и познатиот агент Френк Изола, кој има извори во секој клуб.

  • Зборував со многу сопственици и претседатели во НБА клубовите и сите велат исто – Кевин Дурант ќе потпише за Њујорк.

Резултати: Хјустон – Бостон 127:113, Милвоки – Њујорк 112:96, Сакраменто – ЛА Лејекрс 117:116, Голден стејт – Портланд 109:110, Јута – Филаделфија 97:114.