Фудбал
Големиот скандал во Мадрид на презентацијата на Камавинга: „Овој е потемен од костимот што го носи“
Францускиот фудбалер Едуардо Камавинга во средата беше претставен како нов член на Реал Мадрид.
Талентираниот 18-годишник исто така се претстави на печатот, а за време на овој настан избувна расистички скандал.
? #WelcomeCamavinga pic.twitter.com/6WCKJBawt8
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) September 8, 2021
Новинарката на РТВЕ, Лорена Гонзалес заборави да го исклучи микрофонот, а потоа расистички го навреди францускиот фудбалер.
„Овој човек е потемен од костимот што го носи“, е коментарот што таа го даде и кој потоа се прошири на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Телевизијата наскоро даде изјава и најави санкции за новинарот.
“РТВЕ се извинува за коментарите и жалиме. Овие коментари не се позиција на телевизијата и ние ќе преземеме акција”.
View this post on Instagram
Самата новинарка се извини на социјалните мрежи за нејзината постапка, но тешко дека ќе може да ја спаси својата работа по овој скандал.