Тајмаут
Големо незадоволство: Кој купи најмногу билети за Мундијалните натпревари?
Голем интерес владее за Мундијалните натпревари, а ФИФА потврди дека продала 2,4 милиони билети за Светското првенство. Сепак, она што ги разгневи навивачите на националниот тим кои се натпреваруваат со СП, е тоа што тие немаа предност за купување билети.
Незадоволството е најголемо кај навивачите во Англија, кои купиле 32.000 билети за натпреварите на нивната селекција, додека домашните фанови добиле 871.797 билети. Но, она што шокираше многумина е тоа што навивачите од САД купиле околу 90.000 билети, иако нивниот тим не игра на СП.
Тоа е три пати повеќе отколку што беа во можност да купат Англија фанови. Американците купиле најмногу билети, освен од Русија, што ги налути многумина, бидејќи нивниот тим нема да го гледаме на Мундијалот. Бразилците купиле 72.512 билети, Колумбијците 65.234, Мексиканците 60.302, Аргентинците 54.031, Перуанците 43.583.