Connect with us

Фудбал

Голман на ПСЖ на апарати, во тешка состојба е откако бил удрен од коњ (ВИДЕО)

Резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико е примен во болница и е во тешка состојба, по несреќата што ја доживеа во Андалузија, соопшти денеска парискиот фудбалски клуб. Поранешниот голман на Севиља доживеа несреќа на фарма во Ел Роси во саботата навечер. Рико не јавал на коњ, туку бил удрен во вратот кога едно од овие животни почнало да бега, јавуваат странските медиуми.


„Тој е во тешка состојба“, изјави портпаролот на клубот, без да наведе детали за околностите на несреќата, додека шпанска Марка објави дека голманот моментално е стабилен.

По несреќата, 29-годишниот шпански голман со хеликоптер бил пренесен во болницата во Севилја, каде што бил ставен на апарати за одржување во живот, објави локалната телевизија Канал Сур.