Фудбал
Голманот на Манчестер сити постави нов светски рекорд во најдолг удар
Голманот на Манчестер сити, Едерсон Мораеш влезе во Гинисовата книга на рекорди, соопшти англискиот клуб.
Мораеш постави нов светски рекорд во најдолг удар, откако успеа да ја исфрли топката во далечина од 75,35 метри.
Тој минатото лето за 40 милиони евра од Бенфика се пресели во Манчестер сити.
Оваа сезона 24-годишниот голман за Сити бранеше на 36 натпревари, а на 16 од нив не прими гол.