Connect with us

Фудбал

Голманот на Полска, Шчесни: Се обложив со Меси за пеналот во 100 евра, изгубив, ама не му ги давам (ВИДЕО)

Голманот на Полска, Војчеш Шчесни синоќа му одбрани пенал на Лионел Меси во првиот дел од мечот Полска – Аргентина, кој заврши со победа на „Гаучосите“ од 0:2.

По мечот, Шчесни откри дека се обложил со Меси дека по прегледувањето на ВАР снимката, судиите нема да го досудат пеналот, но сепак го загубил облогот.

-Пред пеналот и ВАР-от, разговарав со Меси и се обложив со него 100 евра дека судијата нема да го досуди пеналот. Не знам дали е дозволено ова на СП, но не ми е гајле. Нема да му ги дадам, изјави Шчесни.