Connect with us

Фудбал

Гомез отпатува на лекарски прегледи: „Бергамо секогаш ќе биде во моето срце“

Алехандро Гомез ќе ја напушти Аталанта во наредните денови и ќе потпише за Севилја.

Гомез беше најдобриот играч на Аталанта во претходните сезони, но поради конфликт со тренерот Џан Пјер Гасперини, тој беше ставен на трансфер листата.

Аргентинецот се поврзуваше со неколку клубови во Италија, но како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.

Аталанта и Севилја се договорија за сè во врска со трансферот, па Гомез отпатува денес на лекарски прегледи во Севилја.

„Јас би сторил сè исто како и од првиот ден во Бергамо. Ние испишавме историја овде и ова е еден од најдобрите клубови во Европа. Јас сум тажен и среќен кога ќе ја напуштам оваа земја по толку многу години и сигурно е чудно чувство. Бергамо секогаш ќе биде во моето срце и секогаш ќе бидам тука за овој клуб”, рече Гомез.