Connect with us

Ракомет

Гонзалес: „Во добра ситуација сме, очекувам тежок натпревар против Кристијанштад“

Во претходните натпревари со шведскиот тим, Вардар секогаш победувал, а како што потенцира на прес-конференцијата тренерот Раул Гонзалес, немаат намера да ја разочараат публиката.

„Очекувам тежок натпревар зашто Кристијанштад имаат добри играчи. Знам дека сме во многу добра ситуација, зашто сме прво место во групата до феваруари. На гости против Кристијанштад одигравме многу добар натпревар, тоа се противници кои играат брзо, имаат добар контранапад. Против Пик Сегед одиграа многу добар натпревар, многу брза игра. Очекувам и тука в сабота да биде слично зашто имаат многу добри играчи, со искуство и играат брз контранапад. Утре имаме тренинзи. Не се знае сѐ уште дали ќе играат Хорхе Македа и Рожерио Мораеш”, вели тренерот Раул Гонзалес.