Фудбал
Господска изјава на Барзаљи по освојувањето на титулата
Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Барзаљи беше воодушевен откако ја освои својата седма последователна титула во Серија А.
Старата дама повторно стана шампион на Италија, откако во Рим против Рома одигра 0:0, но Барзаљи испадна господин и призна дека и Наполи подеднакво ја заслужува титулата.
“Влеговме во книгите на историјата и ова беше исклучителна години. Тоа не беше лесно, но направивме одлична работа, сега тоа ќе го прославиме тоа со нашите фанови. Секое ново Скудетото секогаш изгледа како најдобро, но седми пат со ред е навистина историски момент”, рече Барзаљи и продолжи:
“Наполи имаше многу добра сезона, а сигурно е дека и ние и тие ја заслужуваме титулата подеднакво, а заедно ја направивме Серија А фантастична. Мислам дека разликата е во тоа што ние бевме константни. Следната година мислам дека и понатаму ќе продолжам да се борам.”
Барзаљи е член на Јувентус од 2011 година, а иако денес има 37 години, очигледно нема намера да престане да игра.