Connect with us

Фудбал

Готово е, Алиоски потпишал за Галатасарај!

Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски следната сезона ќе го носи дресот на Галатасарај. Како што објави угледниот весник „Фанатик“, договорот е веќе постигнат, но сепак не се откриени деталите. Во наредните денови Алиоски ќе пристигне на лекарски прегледи во Истанбул, по што ќе биде промовиран и ќе го потпише договорот.

За Алиоски беше заинтересиран и Трабзонспор и ЦСКА Москва. По четири години минати во Лидс, Алиоски и англискиот клуб не се договорија за продолжување на соработката.