Connect with us

Фудбал

Готово е, Манчестер Јунајтед се огласи: Роналдо, ти благодариме за се!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед, соопштија од клубот.

Од Јунајтед изјавија дека до прекин на соработката дошло по договор на двете страни.

„Клубот сака да му се заблагодари за сите негови придонеси за време на неговите двa периоди на Олд Трафорд и вкупно 145 гола во 346 натпревари. Му посакуваме се најдобро на него и на неговото семејство во иднина. Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на развојот тимот под водство на Ерик тен Хаг и ќе продолжиме да работиме заедно за да постигнеме успех на теренот“, се наведува во соопштението на „црвените ѓаволи“.