Фудбал
Гоце Седлоски е новиот тренер на Широки Брег
Легендарниот македонски фудбалер Гоце Седлоски е новиот тренер на Широки Брег.
44-годишниот стручњак веќа ја договорил соработката со Широки Брег и од денеска официјално ќе стане новиот тренер, пренесува Босанскиот сајт „SportSport.ba“.
Седлоски синоќа пристигна во Широки Брег и за „SportSport.ba“ потврди дека веројатно ќе застане на кормилото на тимот од БиХ.
„Скоро се е договорено и сигурно ќе бидам новиот тренер на Широки“, рече македонскиот стручњак.
Седлоски на клупата ќе го наследи Борис Павиќ кој ја раскина соработката со клубот после серијата на слаби резултати во кои реализацијата беше главниот проблем.