Connect with us

Кошарка

Грчкото дерби му припадна на Олимпијакос

Кошаркарите на Олимпијакос го добија дерби дуелот против Панатинаикос со 79:68, во рамки на 16 коло од Евролигата.

Во одличен меч со многу динамика, атрактивни поени и извонредна атмосфера, Панатинаикос е тој кој ги контролираше и играта и резултатот од почетокот до крајот. На полувремето „црвено-белите“ стигнаа до предност и од 16 поени разлика (41:25) по што веќе се навестуваше победникот. Се во второто полувреме беше само рутина за конечна победа на Олимпијакос кој стигна и до десеттата победа во Евролигата.

Најефикасни во победничкиот тим беа Никола Милутинов и Јанис Стрелникс со по 18 поени.

Во преостанатите три натпревари, Фенербахче славеше против Басконија со 96:87, ЦСКА (М) беше подобра од Жалгирис со 84:79, додека Барселона ја прегази Дарушафака со 97:65.