Connect with us

Кошарка

Грифин им донесе победа на Клиперс на гостувањето кај Сакраменто

ЛА Клиперси синоќа остварија триумф на гостувањето кај Сакраменто со 97-95 со кош на Блејк Грифин на 3,2 секунди пред крајот на натпреварот.

Грифин имаше 33 поени во седмата победа на неговиот тим сезонава.

Победи постигнаа и водечките екипи во Конференциите Бостон (Исток), Хјустон и шампионот Голден Стејт (Запад). Бостон има 18 победи и има најдобар скор, додека Хјустон и Голден Стејимаат т по 15.

Резултати од синоќешните дуели: Шарлот – Сан Антонио 86:106, Филаделфија – Орландо 130:111, Вашингтон – Портланд 105:108, Атланта – Торонто 78:112, Хјустон – Њујорк 117:102, Индијана – Бостон 98:108, Далас – Оклахома Сити 97:81, Голден Стејт – Њу Орлеанс 110:95, Јута – Милвоки 121:108 и Сакраменто – Лос Анџелес Клиперс 95:97