Connect with us

Кошарка

Грифин со 44 поени против својот поранешен тим

Крилото на Детроит Пистонс, Блејк Грифин реализираше 44 поени при успехот на „клиповите“ со 109:104 над Лос Анџелес Клиперс во натпревар од НБА лигата.

Грифин, кој беше избран под број 1 на Драфтот во 2009 година токму од Клиперс, одигра еден од најсилните дуели во целата кариера против поранешниот тим и заедно со центарот Андре Драмонд, кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 20 поени и 21 скока, беше во основата на едвај третиот успех на тимот во последните 10 средби.

Детроит имаше предност во текот на целиот натпревар, а пред почетокот на последната четвртина имаше цели 10 поени предност (90:80). Во завршните 12 минути, сепак домаќините од Клиперс се обидоа да дојдат до пресврт и беа сосема блиску до него, но неколку грешки во нападот, како и две последователни тројки на бекот на Детроит, Реџи Булок ги откажаа.

Најпрецизен за тимот од Лос Анџелес беше Данило Галинари со 23 поени, а резервите Лу Вилијамс и Монтрезл Харел додадоа 22 и 21 поени, соодветно.

Резултати од НБА:

Лос Анџелес Клиперс – Детроит 104: 109
Мајами – Мемфис 112: 108
Орландо – Бостон 105: 103
Минесота – Њу Орлеанс 110: 106
Оклахома – Сан Антонио 122: 112
Феникс – Денвер 102: 93
Сакраменто – Шарлот 104: 97
Јута – Чикаго 110: 102.