Connect with us

Фудбал

Гринвуд и Вилијамс со ново броеви на дресовите во Манчестер јунајтед

Манчестер, 4 септември 2020 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер јунајтед Мејсон Гринвуд и Брендон Вилијамс ги сменија броевите на своите дресови.

Осумнаесетгодишниот напаѓач Гринвуд, кој претходно играше со број 26, сега ќе го носи  бројот 11. Вилијамс 53-та ја смени со бројот 33.

Бројот на Гринвуд во минатото го носеше легендата на Јунатед Рајан Гигс. По неговото заминување, англискиот клуб сакаше да ја повлече оваа бројка од оптек, но Велшанецот рече дека нема потреба за такво нешто. зс/