Connect with us

Фудбал

Гризман: Дали останувам во Атлетико? Се уште не сум донел одлука за тоа

Напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоин Гризман, ги негираше натписите што во последните денови се вртеа во шпанските медиуми.

Медиумите од Шпанија известија пред неколку дена дека францускиот репрезентативец им кажал на пријателите дека ја одбил Барселона и дека останал во Атлетико, меѓутоа Гризман тоа го демантираше.

„Не, се уште не сум решил ништо“, рече Гризман.

Французинот претходно рече дека својата одлука за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера, ќе ја соопшти пред Светското првенство, бидејќи не сака да оди во Русија со тој притисок, а во овој момент Барселона е фаворит.

Се шпекулира дека Барселона ќе се согласи да плати 150 милиони евра за да го заврши трансферот што е можно поскоро.