Connect with us

Фудбал

Гризман опасно си поигрува со Барселона и Атлетико

Францускиот репрезентативец, Антоин Гризман се уште се наоѓа во центарот на вниманието, поради шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Гризман има понуда од Барселона која сака да ја активира неговата откупна клаузула од 100 милиони евра, но се уште не одлучил дали ќе го напушти Атлетико Мадрид. Селекторот на Францјија, Дидиер Дешамп му порача на Гризман дека мора да ја соопшти одлуката до почетокот на Мундијалот затоа што не сака да се нарушува атмосферата во екипата.

Иако се очекуваше дека Гризман по вчерашниот натпревар со Америка, ќе каже нешто повеќе, сепак на крајот тоа не се случи. Напаѓачот на Атлетико Мадрид само кратко кажа дека до почетокот на Светското првенство има уште неколку дена и дека конечната одлука ќе ја соопшти на почетокот на следната недела.

„Мило ми е што толку ве интересира мојата иднина. Не, немам донесено конечна одлука. Имаме уште неколку дена до почетокот на светското првенство и се ќе се знае во наредните денови“ кажа Гризман по вчерашниот натпревар.