Connect with us

Фудбал

Гризман: Останувањето во Барселона не беше катастрофално бидејќи постигнував речиси 20 гола по сезона

Францускиот напаѓач Антоан Гризман пристигна како големо засилување во Барселона во летото 2019 година.

Каталонскиот клуб за Гризман издвои дури 120 милиони евра колку што изнесуваше неговата откупна клаузула за да го доведе францускиот напаѓач на Камп Ноу, што на крајот и успеа.

Се очекуваше Гризман да биде големо засилување за Барселона, но тој се чинеше дека не го оправда ни приближно она што се очекуваше од него.

Французинот имаше две солидни сезони во Барса, но јасно е дека од него се очекуваше многу повеќе од тоа. На изненадување на сите, тој летово го напушти каталонскиот клуб и се врати во Атлетико на позајмица.

Иако навивачите на Барселона сметаат дека Гризман бил неуспех, тој изјави дека покрај се што доживеал, сепак има добро мислење за каталонскиот клуб.

„Бев многу среќен кога отидов во Барселона затоа што сакав. Имав фантастични соиграчи и научив многу. Иако понекогаш не играв и ми беше тешко, но мислам дека останувањето таму не беше катастрофа бидејќи постигнав скоро гол 20 голови по сезона. Горд сум што имав шанса да играм во Барселона“, изјави Гризман.

Францускиот напаѓач одлично ја отвори оваа сезона во Атлетико Мадрид и одигра 15 натпревари во сите натпреварувања и веќе успеа да постигне пет гола.

Реклама

Facebook

Реклама