Connect with us

Фудбал

Гризман: Време е …

Францускиот напаѓач Антоан Гризман е еден од оние играчи кои ги обвинува за очајната сезона на Барселона.

Гризман ќе гостува во емисијата „Универзо Валдано“, што ќе се емитува од 23 часот на „Мувистар плус“. На социјалните мрежи беше најавена емисија со кратко видео, а овие кадри веднаш навестуваа возбудливо гостување на францускиот напаѓач.

„Откога пристигнав, не сум кажал ништо од моето претставување. Како што реков тој ден, не сакав да зборувам надвор, туку на терен. Бидејќи така сум, работам најдобро со топката во нозете. Но, време е да ги ставам работите на нивно место, зар не? Трпев многу работи, коментари и мислам дека е доволно“, рече Гризман во најавата за шоуто, кое без сомнение ќе биде исклучително популарно во Шпанија.

Тој ќе зборува за потенцијалната кавга со Лионел Меси, односот со тренерот Куман, причините за неговата нешто послаба форма и слабите резултати на Барселона.