Connect with us

Фудбал

Грузискиот фудбалер Гурам Кашија ја доби наградата „Еднаква игра“од УЕФА

Грузискиот фудбалер Гурам Кашија ја доби наградата „Еднаква игра“ (Equal Game) , која УЕФА ја доделува за придонес во промоцијата на различностите и за вклучувањето на ЛГБТ заедницата.

Кашија минатата сезона настапуваше за холандскиот клуб Витесе, а капитенската лента која ја носеше беше во боите на ЛГБТ заедницата поради што се соочи со непријатности во неговата татковина.

Голем дел од јавноста во Грузија го осуди овој чекор на Кашија, а дел од нив побараа да биде исфрлен и од грузискиот национален тим.

– Му честитам на Кашија за неговиот силен карактер и за храброста. Иако поради неговите одлуки беше цел на закани и навреди од страна на разни групи, сепак пропагираше толеранција и прифаќање, истакна претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Кашија во моментов настапува за американскиот клуб Сан Хозе, а за грузиската репрезентација досега има играно на 64 натпревари. Тој нагласи дека ќе продолжи да се бори за еднакви права каде и да игра.

Наградата ќе му биде доделена на 30 август во Монако.