Connect with us

Фудбал

Гундоган му одговори на германските навивачи: Тешко е да се живее со тоа

Германскиот репрезентативец Илакј Гундоган се осврна на свирежите кои му беа упатени од навивачите на стадионот во Леверкузен.

Навивачите го осудија Гундоган поради тоа што се состанал со претседателот Реџеп Таип Ердоган, а фудбалерот кој е роден во Гелзенкирхен разочаран е поради таквиот дочек во Леверкузен.

„Некои реакции допреа до мене, вклучувајќи ги и личните напади. Во последните години направивме многу за да ја промовираме интеграцијата во Геманија. Роден сум и пораснав во Галзенкирхен, град со висок процент на емигранти, затоа и бев шокиран кога слушнав дека ние не сме сакале да живееме според германските вредности. Поради турските корени, ние се уште имаме јака поврзаност со Турција, но немавме никаква намера да заземеме политички став“ кажа Гундоган.

„Навикнати сме да не исвиркуваат противничките навивачи, но тешко е да се живее со тоа кога ќе се исвиркуваат домашните навивачи. Секогаш сум отворен за критика, но сите имаме право на свое мислење и слободно изразување и мислење, затоа се чувствувам привилегиран што сум се родил и пораснал во Германија, но не сакам да ве навредувате“.

„Ми беше важно да зборувам за оваа ситуација. Сакам да се врати нормалноста, не сакам да се кријам. Сите имаат свои начини да се соочат со некаква ситуација. Сега сакам да се фокусирам на моменталните случувања и не сакам на ум да ми стојат непотребни и лоши работи“, додаде фудбалерот на Манчестер Сити.