Connect with us

Фудбал

Гути отворено го прозва Бензена: Игра Меси, игра Левандовски, не можете така да го изневерите клубот

Само една победа во последните четири натпревари и Реал Мадрид е во хаос.

Синоќа Рајо Ваљекано му го нанесе првиот сезонски пораз на Мадрид, а бидејќи тамошната јавност е навикната само на победи, веднаш настанаа „несогласувања“.

Легендарниот Гути гостуваше во една емисија како стручен консултант и по мечот го прозва Карим Бензема додека се штеди за Светското првенство во Катар.

“Не можам да го разберам. Меси игра, игра Левандовски, како и сите други играчи. Мора да го прифатите ризикот од повреди пред Светското првенство, не можете да го изневерите и така да го напуштите вашиот клуб”, изјави Гути. .

Интересно е што оваа криза е токму поврзана со отсуството на Бензема. Тој не беше стартер од 19 октомври и победата во Елче – 0:3, а во игра во Лигата на шампионите против Селтик влезе во 28. минута.

Поради ова, Гути се сомнева дека Бензема се грижи за себе, бидејќи пропушти два натпревари, потоа влезе во игра против Селтик и повторно не беше подготвен за Рајо Ваљекано.