Connect with us

Фудбал

Гвардиола доби жесток одговор од Тебас: Дали тој би имал толку многу титули без економски допинг?

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас жестоко одговори на повиците на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Пред неколку дена, Пеп го повика Тебас поради фактот што клубовите од Ла Лига заостануваат зад клубовите од Премиер лигата според финансиската моќ.

Тој побара објаснување зошто Ла Лига е оддалечена милји од Премиершип и му рече да проба да научи нешто од Англичаните во продажбата на ТВ-правата за во иднина шпанските тимови да заработат повеќе пари од тоа.

Тебас реши да одговори на прозивката и зборуваше за тоа што го праша Гвардиола.

„Во изминатите неколку години, ја намаливме разликата со Премиер лигата. Ла Лига продава ТВ права само седум години, додека Премиер лигата тоа го прави веќе 30 години“, рече Тебас.

„Исто така, Велика Британија има 20 милиони жители повеќе од Шпанија. Ние растеме од година во година и нашите клубови профитираат седум години“.

Тогаш Тебас му рече да се грижи за Сити и доста добро го „боцна“.

„Грижете се за Сити Груп, која има загуба од повеќе од милијарда евра во изминатите неколку години. Тие не се инвеститори. Тие уништуваат пари и создаваат инфлација. Дали тој би имал толку многу титули без економски допинг“,изјави првиот човек на Ла Лига.

Гвардиола потроши огромни суми пари на засилувања во Манчестер Сити во последните неколку години, но во никој случај не успева да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Пред Сити, тој имаше супер тимови во Баерн и Барселона и многумина се сомневаат во неговите тренерски квалитети и сметаат дека немаше да биде на врвот ако не беше во огромните инвестиции во клубовите каде што работеше.