Поврзи се со нас

Фудбал

Гвардиола го сака Меси уште во јануари, погледнете каква смешна сума нуди Манчестер Сити

Манчестер Сити ќе се обиде уште во јануари да го ангажира Лионел Меси кој е голема желба на Пеп Гвардиола. Следното лето речиси сигурно Аргентинецот ќе се пресели во синиот дел на Манчестер, но Гвардиола ќе се обиде уште во овој зимски преоден рок да го донесе.

Англискиот тим сака да ја искористи ситуацијата, со оглед на тоа дека следното лето на Меси му истекува договорот со Барселона, па со „смешни“ 15 милиони фунти ќе се обиде да ја натера Барселона да го продаде во јануари.

Тешко е да се очекува Барселона да ја прифати оваа понуда, па дури и по цена следното лето да остане без него и да не заработи ништо.

Во летниот преоден рок Меси сакаше да замине, но Барселона го спречи тоа со порака дека кој сака да го купи мора да исплати 700 милиони евра колку што пишува во клаузулата. На крајот Аргентинецот одлучи да остане и да го одработи договорот.

 

Advertisement

Facebook

Реклама