Фудбал
Гвардиола: Им требаа три пушки и 100 куршуми на мојата Барселона да ја одземат топката
Пеп Гвардиола иако е еден од најдобрите тренерси, сепак не се воздржува јавно да зборува за својата работа, тактика, филозофија и замислите. Така беше и сега. Напротив, така ја покажува својата ширина и големина, бидејќи на љубителите на фудбалот ширум светот им ја приближува играта, а им кажува и што им зборува на своите играчи во соблекувалните.
Така беше и сега. По мечот со Борусија Менхенгладбах во ЛШ и победата од 2:0 се вклучи во живо во една емисија каде стручен коментатор беше Гери Линекер. Неговото прашње до Гвардиола беше:
-Зошто левите бекови ги „буткаш“ во средниот ред. Тоа доста го правеше во Баерн Минхен со Кимих. Од каде оваа идеја?
-Тоа дојде со мене од Германија, изјави Гвардиола, кој притоа додаде:
-Таму имавме таква ситуација, да ако ја загубиме топката не „убиваа“ со контанапади. Тоа беше причината поради која го правам тоа. Но, во Барселона, имав поголема контрола на играта поради квалитетот на играчите кои ги имав таму. Таму им требаа три пушки и 100 куршуми да им ја земат топката на играчите, па беше невозможно да го испуштиме поседот на топката. Во Германија беше потполно поинаку, изјави Гвардиола.
Како што е познато Гвардиола беше тренер на Барселона до 2008-ма до 2012-та кога можеби каталонскиот тим го имаше најсилниот тим во историјата на овој клуб со Меси, Чави, Иниеста, Анри, Ето…Потоа во Баерн работеше од 2013-та до 2016-та, но не беше толку успешен, бидејќи не ја освои ЛШ.