Connect with us

Фудбал

Гвардиола не планира да престане да троши, по Торес и Аке, доаѓаат уште пет ѕвезди?!

Откако синоќа го официјализираа трансферот на Феран Торес, а се очекува во текот на денот да се потврди и трансферот за доаѓањето на Натан Аке од Бурнмаут. Сепак, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не планира да престане да троши.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Каталонецот посакува уште пет ѕвезди за засилувања. Се уште не се познати сите имиња, но за двајца напачи се знае, од кои едниот речиси сигурно ќе дојде во синиот дел на Манчестер.

Првата желба на Гвардиола е Лаутаро Мартинез од Интер, од чии услуги Барселона и дефинитивно се откажа. Доколку тоа не е се случи, тогаш Гвардиола ќе тргне по ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.