Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Никогаш не сум видел ваков Агуеро

Пеп Гвардиола со Манчестер Сити одлично ја започна новата сезона во Премиер Лигата.

„Граѓаните“ денеска го „прегазиа“ Хедерсфилд со 6:1 и дојдоа до вториот триумф во новата сезона.

Гвардиола е навистина задоволен од она што го покажа неговиот тим, а посебно го пофали Серхио Агуеро кој постигна три гола.

„Задоволен сум со трите бода и со начинот на кој игравме. Ја започнавме сезоната подобро од претходната и направивме одлична равота во 90 минути“, рече Гвардиола, и додаде:

„Додавањата беа одлични, контролата на Серхио Агуеро беше одлична. Никогаш не сум го видел во вакво издание откако сум дојден во Сити. Во одлична состојба е, играше одлично со и без топката. Ги заслужи овациите од трибините кои ги доби при замената“, рече Гвардиола.

Сити од два одиграни натпревари има шест бодови и гол разлика од 8:1.