Connect with us

Фудбал

Гвардиола одби да ги коментира обвинувањата на Туре

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола одби да ги коментира изјавите на Јаја Туре, кој меѓу другото го обвини и за расизам.

Поранешниот фудбалер на Сити изнесе серија обвинувања на сметка на Гвардиола, потенцирајќи дека тренерот намерно му ја уништил последната сезона и дека му бил љубоморен. Според Туре, тој „не ги сака африканските фудбалери“.

Освен Туре, со обвинувања се огласи и неговиот агент Димитри Селук, кој нагласи дека фудбалерот е подготвен да игра за плата од една фунта неделно во кој било од клубовите кои се пласираа на  првите шест позиции во Премиер лигата.

– Нема да ги коментирам изјавите на Туре. Немам што да кажам за него, наведе Гвардиола.

УЕФА денеска го казни Гвардиола со суспензија од два натпревара поради вербалната расправија со четвртиот судија за време на дуелот против Ливерпул, во четвртфиналето од Лигата на шампионите.