Фудбал
Гвардиола освои пехар, па го откри новото засилување на Барселона
Пеп Гвардиола со Манчестер Сити со 1:0 славеше во финалето на Лига Купот против Тотенхем, но по мечот со изјава откри ново засилување на Барселона. Дефанзивецот Ерик Гарсија не беше во составот на „Граѓаните“ денеска, а Гвардиола ја откри причината.

-Ерик Гарсија е еден од моите омилени играчи. Денеска не беше на клупата поради тоа што верувам дека оди во Барселона, порача Гвардиола.
На Гарсија му истекува договорот на крајот од сезоната и како слободен играч се сели во Барселона.