Connect with us

Фудбал

Гвардиола си ја отвори душата: Сакам да го напуштам фудбалот и да играм голф

Гвардиола гостуваше на популарниот Јутјуб канал Десмонтадито кај Дани Гарсија и таму зборуваше за продолжувањето на договорот, за неговите следни планови и за заморот што му го создаде фудбалот. Иако Гвардиола пред неколку недели го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште две години, од времетраењето на тој договор беше јасно дека на каталонскиот стручњак му е доста од се, па не го продолжи на подолг временски период.

Во разговор со Дани Гарсија, тој рече дека сака да остави се и да се посвети на голфот, за да се одмори. Тој додаде дека преземањето на друг клуб во блиска иднина не е опција.

“Сакам да го оставам фудбалот и да одам да играм голф, но не можам. Ќе дојде момент кога ќе почувствувам дека е доста и тогаш дефинитивно ќе престанам. Нема да водам друг тим”, изјави Гвардиола и објасни:

„Не зборувам за долгорочна иднина, но она што нема да го правам сега е да го напуштам Манчестер Сити и да одам во друга земја да го правам истото што го правам сега. Не би имал енергија за нов клуб се уште сум тука и го правам тоа што го правам, но помислата да почнам на друго место, со сите тренажни процеси и така натаму… Не, не и можеби ќе ја преземам репрезентацијата , но сето тоа е поинаку, мислам дека паузата би била добра за мене сега“, изјави познатиот шпански стручњак.

Освен голф, Гвардиола откри што друго би сакал да научи во својот живот. Еден од нив е францускиот јазик.