Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Во правo си Мурињо, класата не може да се купи

Менаџерот на Манчестер Сити одговори на критиките на колегата од клупата на Манчестер Јунајтед за тоа дека парите не може да купат класа.

Повод за „размена на оганот’ на релација Гвардиола – Мурињо е документарниот филм „Се или ништо“ за минатата сезона кога „граѓаните“ доминантно ја освоија титулата.

Нараторот Бен Кингсли тогаш помеѓу другото за дербито на Манчестер играно во Декември истакан:Посет против одбрана, напаѓачки фудбал протви „паркирај автобус“ игра.

Мурињо на ова истакан дека добар филм може да се направи и без омаловажување на ривалот и истакна дека „Сити може да ги купи сите најдобри играчи на светот, но парите не можат да ја купат класата“.

На ова имаше што да каже и Пеп Гвардиола:

„Не може да се купи класа, согласен сум со Жозе. Мислам дека поминавме една неверојатна сезона минатата година, имаше камери и го направивме тоа сами. Не се слагам дека некој омаловажувал. Тоа не беше нашата намера. Ние сме клуб кој пробува само да расне како и секој голем клуб во светот да освојува титули. Го направивме тоа само за нашите навивачи  и да покажеме што се случувало внатре во соблекувалната. Но тоа е мислење на Жозе, едни ќе кажат дека им се допаѓа, други не. Едноставно е. Но секако, го делам неговото мислење дека класата не може да се купи“ изјави Шпанецот.