Фудбал
Гвардиола за ситуацијата во Барселона: Не е до тренерот, туку до играчите
Кризата на Барселона, отказот на Куман, но и иднината на каталонскиот тим е водечка тема во светскиот фудбал.
Интересна изјава за целата ситуација во тимот даде и Пеп Гвардиола.
„Не е до Куман, до тренерот, туку до играчите. Чави доколку дојде ќе биде поискусен од времето кога ја презедов Барселона, но повторно не зависи од него“, изјави Гвардиола и продолжи.
„Ако немате добри играчи, тренерот не може да направи ништо. Во времето кога бев тренер на Барселона, имав одлична генерација играчи, во фантастични години и неверојатна форма. Едноставно во тој момент сè се совпадна.
Следниот чекор кој е важен за Барселона?
Мора да знаете какви играчи сакате, односно што сакате“, заклучи Гвардиола.
Токму финансиската ситуација и помогна на Барселона оваа сезона добро да го измеша ростерот, каде неколку играчи од Б тимот добија можност да ја градат играта на каталонскиот гигант, а ќе видиме дали ќе има промени во игра во зима и дали можат да ја направат сезоната подобра кога е резултатот во прашање.