Други спортови
Хабиб: Сигурен сум 80%, еве каде ќе борам следниот пат
Хабин Нурмагомедов очекува неговиот следен меч да се случи во Русија, за прв пат во својата кариера во УФЦ. Шампионот во лесна категорија го совлада Дастин Поаер во УФЦ 242 во Абу Даби и сега бара да се бори во родниот град.
„Преговараме со УФЦ. Сакам да се сретнам со него во Русија по секоја цена “, рече Хабиб за рускиот канал 1. „Во Санкт Петербург има затворена арена (Гаспром Арена). Стадионот Москва Лужики е отворен … Бев таму за време на Светското првенство и врнеше на финалето.
Во Петербург стадионот има 75.000 места. Во мала арена не би функционирал. Јас сум 80% сигурен дека мојот следен натпревар ќе биде во Русија “, рече Хабиб.