Connect with us

Фудбал

Хакими: Нема проблем ако не ме помине Лео Меси

Ахраф Хакими призна дека не е во позиција да ги доведува во прашање одлуките на Лионел Меси на фудбалскиот терен, по критиките дека на Пари Сен Жермен му недостасува вистинска тимска игра. Иако фудбалерите тоа го демантираат во интервјуата, француските медиуми постојано зборуваат за недостиг на кохезија меѓу ѕвездите.

„Кога трчам и Лео не сака да ми ја додаде топката, тоа е затоа што гледа друг играч во подобра позиција. Ова не е проблем. Така вечерва му додаде на Нејмар и ги добивме трите бода“, изјави Хакими.

Додавањето на кое се однесува Хакими беше онаа што ја запечати победата од 1-0 над Брест додека Меси му асистираше на Нејмар да ја продолжи победничката серија во Лига 1.

Изјавата на Хакими доаѓа откако се појавија снимки од претходниот натпревар на ПСЖ на кој Мбапе го критикуваше Хакими што не го додава, велејќи дека му треба „добра топка“.