Фудбал
Халанд го пропушта и третиот важен натпревар
Ерлинг Халанд, одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд, ќе го пропушти третиот важен натпревар за популарните „милионери“.
Норвежанецот нема да биде достапен за тренерот Марк Роуз поради проблеми со болки во мускулите. Халанд не одигра на дуелот против Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата, ниту против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.
„Болката е се уште многу силна. И покрај големата желба на Халанд, тој сепак нема да може да игра против Аугсбург. Покрај Халанд, најверојатно нема да можам да сметам ниту на Рајн, додека добро е што Емре Џан се враќа во тимот“, изјави Розе.
Дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Аугсбург ќе се одигра в сабота во 15:30 часот.