Фудбал
Хамбарџумјан: Македонија е квалитетна селекција, ќе дадеме сè од себе
Поранешниот фудбалер на Вардар, Хофханес Хамбарџумјан добро ги познава квалитетите на македонската репрезентација, тој има пофалби за нас но се надева дека денес тие ќе се радуваат.
Ерменија денес ќе се обиде да се врати непоразена од Скопје, но Македонија ја има фаворитската улога. Еден од фудбалерите на гостите кои се добро познати на македонската јавност е бекот Хамбарџумјан кој три години играше во Вардар.
„Нè очекува еден интересен меч во кој ќе играат две квалитетни селекции. Добро ја познавам македонската репрезентација и знам што нè очекува. Ние ќе дадеме сè од себе, па нека победи подобриот. Комуницирам со колегите од Вардар иако веќе не играм тука. Ги знам тајните на Македонија, на соиграчите ќе им ги кажам пред мечот“, изјави поранешниот Вардарец, Хамбарџумјан.
Селекторот Артур Минасјан смета дека Македонија може да биде фаворит само поради фактот што игра на домашен терен.
„Со Лихтенштајн создадовме многу шанси, но искористивме само две. Се надеваме дека против Македонија ќе биде попрецизни. Дојдени сме за позитивен резултат и мора да ги користиме можностите кои ќе ни се укажат. Македонија може да се гледа како фаворит само поради тоа што игра дома“, вели селекторот Минасјан.
Мечот меѓу Македонија и Ерменија се игра денес со почеток од 18 часот
Извор: МКД