Connect with us

Фудбал

Хамес Родригез и официјално во Евертон

Ливерпул, 7 септември 2020 (МИА) – Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез од следната сезона ќе го носи дресот на Евертон.

Овој трансфер беше најавуван претходните денови, а сега пристигна и официјалната потврда од клубот од Ливерпул.

Договорот беше потпишан на две години со можност за продолжување на уште една.

Висината на надоместокот што „карамелите“ ќе им го исплатат на „кралевите“ е 22.000.000 фунти.

Родригез ќе го носи дресот со број 19.