Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Алонсо е еден од најдобрите со кои се натпреварував

Алонсо пред неколку денови објави дека на крајот на оваа сезона ќе се повлече од Формула 1, а Хамилтон е еден од оние кои долго ќе се сеќаваат на него.

„Штета е што не е испратен како што му доликува. Но, во овој спорт не е само да бидете добар возач, туку како се снаоѓате во одредена ситуација и како се поставувате“, рече Хамилтон и додаде:

„Тој е без сомнение еден од најдобрите возачи со кои се натпреварував и му посакувам се најдобро“.

Инаку, Хамилтон и Алонсо беа тимски колеги во Мекларен во 2007. година. Тогаш и двајцата завршиа на второто место затоа што имаа исти број на бодови.