Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Долго време се борев психички и емотивно

Британскиот возач Луис Хамилтон во објава на социјалните мрежи призна дека долго време страда психички и емотивно.

„Поради се што се случува околу нас, ова е веќе толку тешка година. Тешко е да се остане позитивен овие денови“, напиша Хамилтон на Инстаграм.

„Долго време се борам психички и емотивно, постојано се трудам да продолжам. Но, ние мора да продолжиме да се бориме, имаме многу да направиме и да постигнеме.

Го пишувам ова за да ви кажам дека е во ред да се чувствувате како што се чувствувате, да знаете дека не сте сами и дека ќе го поминеме ова!

Еден пријател ме потсети денес, ти си толку моќен и можеш да направиш се што ќе помислиш. Можеме да направиме се што можеме да замислиме“.

Седумкратниот светски шампион и претходно одговори за предизвиците со кои се соочуваше во кариерата, особено по минатата сезона.

И оваа година Хамилтон се соочува со проблеми на патеката, бидејќи болидот на Мерцедес не е конкурентен како претходните години.

Потсетуваме, шампионатот во Формула 1 продолжува на 10 април во Австралија.