Други спортови
Хамилтон го обвини Раиконен за неуспехот на Силверстоун
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон индиректно изнесе сериозни обвинувања кон главните конкуренти од Ферари.
Според светскиот шампион во Формула 1, раното вртење по судир со Кими Раиконен во самиот почеток на Големата награда на Велика Британија во Силберстоун била „интересна тактика“.
Себастијан Фетел стави крај на серијата од четири последователни победи за Хамилтон на Силверстоун. Германецот направи имаше одличен старт по гаснењето на црвените светла и само во рамките на првите метри веќе го презеде лидерството од Хамилтон, кој имаше пол-позиција.
По неколку секунди, Британецот беше претекнат од Раиконен, а во третата кривина дојде до контакт меѓу нив, по кој Хамилотон излета надвор од патеката. За неговата постапка, финскиот пилот, кој заврши на третата позиција, беше казнет со 10 секунди.
Хамилтон, исто така, успеа да продолжи, иако како последен во колоната. Само во првите 10 круга фаворитот на локалните навивачи веќе дојде меѓу првите 10, а потоа продолжи да ја поодбрува својата позиција. Впрочем, второто место не беше лош резултат, но Луис не ги прифати случувањата добро.
Тој не се појави за задолжителните блиц-интервјуа по завршувањето на трката, туку отиде директно до подиумот каде се доделуваа трофеите. Мартин Брандл мораше да го почека доделувањето на наградите, за да добие неколку зборови од Хамилтон.
– Ова е најголемата трка на годината и најневеројатната публика. Жал ми е што не победив денес. Јас нема да се предадам, верувајте ми, нема да го направам тоа. Мојот тим направи извонредна работа овој викенд. Добивме многу поддршка. Би рекол дека видовме интересна тактика од нивна страна (Ферари – н.з.), но ние ќе сториме што можеме за да се избориме со нив, рече Хамилтон.