Connect with us

Други спортови

Хамилтон очекува жесток напад од Фетел

Луис Хамилтон очекува огромен одговор од Себастијан Фетел во 2018 година, откако шансите на Германецот за титула беа уништени и тој мораше да научи неколку тешки лекции.

Возачот на Ферари имаше вистинска шанса годинава да ја прекине доминацијата на Мерцедес и да го порази Хамилтон, но повеќе грешки и проблеми со издржливоста за време на азискиот дел од сезоната ги уништија неговите надежи.

Хамилтон, кој ја освои титулата на две трки пред крајот, верува дека неговиот противник ќе собере се што научил од сезоната и ќе се врати уште посилен.

„Нема да ви кажам јас што сум научив, но сметам дека вие сте научиле многу за него. Тој ќе научи од сето ова искуство, како што тоа го правиме сите.

И јас сум имал такви години. Тој имаше години како мојата годинава, исто така. Мислам дека наредната година тој жестоко ќе нападне, но не сметам дека ќе биде нешто што јас неможам да го постигнам, доколку работам на тоа.

Точки на притисок, слаби точки, едноставно работите напорно, а кога другиот не покажува слабост, тогаш е навистина тешко.

Погледнете кон Роџер Федерер и Рафаел Надал. Во одреден дел од мечот, еден ќе покаже слабост, дури иако е мала.

Токму тогаш се напаѓа и се користи шансата, а оваа година навистина беше таква“, изјави Хамилтон.

Извор: krug.mk