Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Ова е првиот комплимент што сум го добил од Ферари по 13 години

Последен викенд од сезоната во Абу Даби носи доста неизвесности во рамки на Ф1. Актуелниот шампион за крај ќе ја има пол позицијата и ќе се обиде со тоа со победа да го затвори ова првенство.

Изминатиов период интересни се реакциите откако Мерцедес излезе со соопштение за сотаноците на ѕвездата на тимот со најлутиот ривал. Повод за средбите наводно бил фактот што на Хамилтон по крајот на следната сезона му истекува договорот со Мерцедес.

Интересна беше и реакцијата на Хамилтон кој пак низ шега рече дека по 13 години конечно добил комплимент од Ферари.

„Ова е првиот комплимент што сум го добил од Ферари по 13 години. Не паметам дека некој од овој тим ме има споменато воопшто некогаш. Пријатно е по сите овие години. Тоа е тим кој секогаш сум го почитувал и нивната пофалба навистина ми значи“ – вели Хамилтон.

Реклама

Facebook