Connect with us

Други спортови

Хамилтон преговара со Ферари

Пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, минатата сезона ја освои петтата титула во Формула 1 во кариерата и четврта со германскиот болидот. Тој апсолутно доминира во најбрзиот циркус на денешницата и веќе е вбројуван помеѓу најдобрите возачи на сите времиња.

Но, Британецот има договор со Мерцедес до 2020 година, а шпекулациите велат дека тој веќе имал неколку разговари со челниците на Ферари за потенцијален трансфер, откако ќе истече неговиот ангажман со германскиот производител.

Ферари можеби нема освоено титула една деценија, последен шампион беше Кими Раиконен во 2008 година, но тимот од Маранело и натаму е најголем престиж за секој возач. Италијанскиот тим има историја со британски возачи како Питер Колинс, Мајк Хауторн и Најџел Менсел.

Инаку, Луис и оваа сезона, која стартува на 17 март, важи за главен фаворит за титулата.