Други спортови
Хамилтон уште две години во Формула 1, тој веќе потпиша!
Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе вози во најбрзиот октански циркус на светот најмалку уште две сезони.
Денес пристигна официјална потврда дека Хамилтон потпиша нов двегодишен договор со Мерцедес и ќе биде член на Сребрените стрели до 2023 година.
Мерцедес и Британецот сакаа да ја избегнат минатогодишната сага кога чекаа до последен момент да продолжи соработката.
Ова значи дека новиот договор на Хамилтон ќе истече само една недела пред неговиот 39-ти роденден. Тој е член на Мерцедес веќе девет години и со оваа екипа освои шест од неговите седум титули.
He’s staying… ? @LewisHamilton pic.twitter.com/bDaHhlP8Iv
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) July 3, 2021
„Тешко е да се поверува дека поминаа скоро девет години откако работев со овој неверојатен тим и возбуден сум што ќе ја продолжам нашата соработка уште две години“, рече Хамилтон.
Искусниот Британец досега има 98 победи, што го прави апсолутен рекордер, од кои 77 ги постигна како возач на Мерцедес. Останатите победи дојдоа во болид на Мекларен.